(ВИДЕО) Штипски професори на родителски средби делат флаери од ВМРО-ДПМНЕ

0
1292

Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип и кандидат за пратеник, денеска реагираше дека без ниту тронка срам, ВМРО ДПМНЕ продолжува со грубо кршење на Изборниот закон.

Тој рече дека партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во основните училишта, чија компетентност се ценеше само преку поседување на партиската книшка, се дрзнуваат да делат пропаганден материјал во училиштето за време на родителските средби.

– Памфлети со отчет за сработеното од страна на владата биле делени на родителите , на одржаните родителски состаноци.

Ова е спротивно на Законот за избори како и на Законот за вработени во јавниот сектор во кои децидно стои дека во тек на работното време, вработените во државните институции не смеат директно да учествуваат во изборни активности или други јавни настапи од таков вид.Ова преставува сериозно кривично дело и за ова ќе се одговара – реагира Милошев.