(ВИДЕО) ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА новинарот Попетревски: Хан имал бизнис интереси во фирмата „Новоматик“ – фирма која во Македонија има ланец од казина!?

0
6624

Зборувајќи за прашањето за неутралноста на еврокомесарот Јоханес Хан во преговорите за решавање на политичката криза во Македонија, новинарот Васко Попетревски во вчерашната емисија „Вин Вин“ на „24 Вести“ кажа информација добиена од дипломатски извори.

– За жал, перцепцијата за тоа дека Хан можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација. Доаѓам од еден собир на кој имав шанса да разговарам со повеќе дипломати во Скопје. Денеска имало, еден од редовните координативни состаноци на амбасадори главно на земји членки на ЕУ, и еден од претставниците на една од влијателните земји членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите бизнис интереси во фирмата „Новоматик“. Оваа информација, со сигурност ви тврдам, е стигната до Хан, се ѕвонат телефони за да го разјаснат ова прашање. Но ако дипломат на влијателна земја членка си дозволил да го постави прашањето за неутралноста на Хан претпоставувам дека и ние сме тука некаде на вистинската трага околу оваа дилема – рече Попетревски.

Австриската компанија „Новоматик“ подолго време е присутна во Македонија како сопственик на казина. Во март 2014 година таа стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија, на границата со Грција.