(ВИДЕО) ШОКАНТНА ЦРНА СТАТИСТИКА ОД РАБОТАТА НА НИКОЛА ТОДОРОВ: За 5 месеци на Гинекологија починале 61 новородено бебе!

0
1646

За само пет месеци, до 4 мај, на скопската Клиника за гинекологија починале 61 новородено бебе односно 30 отсто од вкупниот број на новороденчиња, пренесува А1он. Процентот на смртност кај бебињата ја надминува и ланската бројка која што беше катастрофална.

– Ова е нов, неславен рекорд за Македонија каде во последните неколку години ваквките црни статистики се во пораст. Алармот беше вклучен минатата година кога во периодот од јануари до октомври починале вкупно 206 бебиња – вели истакна педијатарот Ангелчо Андоновски.

Тој вели дека и покрај ваквата ситуација надлежните државни институции сè уште не преземаат ништо во врска со намалување на бројките на смртност кај новороденчињата за кои најверојатно не е запознаена Светската здравствена организација.

Целата изјава може да ја погледнете ОВДЕ