(ВИДЕО) ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ВЕРНИОТ ВМРОВЕЦ ДО ГРОБ ТАЧИ ВОЈВОДА – Тачи: Груевски и Ахмети се договорени за Влада, Алијанса ќе ги поддржи

0
2748

Никола Груевски и Али Ахмети се договориле за Влада и тоа е единствената вистина, рече лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи. Тој рече дека според неговите информации, Ахмети побарал поддршка за таа Влада од Алијансата на Албанците, а договорен бил и претседател на Собранието Албанец.

Тој ги отфрли шпекулациите дека дал поддршка на Ахмети и рече дека од него побарал оставка поради катастрофалниот резултат.

Има многу неточни работи во јавноста, Ахмети кажа дека се слушал со мене, лага е дека го поддржувам Ахмети, јас му реков на телефон дека сум дал оставка, но дека и тој треба да даде оставка. На 28 јануари попладне, се виделе Ахмети со Алијансата на Албанците и се договориле да ја поддржат владата на Груевски. Ова се точните информации, се друго е шпекулација, рече Тачи.

Тачи додаде дека нема да даде поддршка на ниту една Влада и дека во секој случај ќе остане опозиционер и кажа дека имал неформални средби со сите освен со Ахмети.

Извор и видео : А1он