(Видео) ШОКАНТЕН НАСТАП на Сашо Ордановски во Вин Вин: Бомбата ќе открие масивна пара структура на прислушкување надвор од ДБК организирана од ДПМНЕ, и тие луѓе кои ги предадоа Груевски и Мијалков ќе бидат распнати на крст!

0
1559

sashoordanovskivin

Аналитичарот Сашо Ордановски во гостувањето во емисијата Вин-Вин на 24 Вести кажа дека според неговите извори во Јавното обвинителство веќе се размислува за оставки.

– Од таму деновиве стигнуваат смешни соопштенија кои немаат врска со правото, но луѓето кои се таму не се глупави и веќе самите размислуваат да си поднесат оставки – рече Ордановски укажувајќи на тоа дека тие се плашат од правни реперкусии за нив во иднина, поврзани со случајот „Пуч“.

Тој праша што би се случило доколку првиот доказ кој Заев ќе го извади во понеделник биде токму за државниот обвинител Марко Зврлевски.

Ордановски претходно кажа дека најголемиот проблем за власта е во тоа што, според неговите информации, материјалите се добивани со парадржавно противзаконско масовно прислушување кое се извршувало во две згради кои не се во состав на МВР, во кои работат 150 луѓе исклучиво на прислушување.