(ВИДЕО) Шимиќ: Реконструирани значајни сообраќајници во Кисела Вода, обезбедуваме сигурни и безбедни коловози

0
981

Изјава за медиуми, Дарио Шимиќ, претседавач на Совет на Кисела Вода и советник од СДСМ

Почитувани,

И Кисела Вода е дел од општините каде Град Скопје врши реконструкцијат на значајни сообраќајници кои се под нивна надлежност.

Град Скопје ја реконструираше улицата Антон Димитров, во населба Драчево, во вкупна должина од 1.200 метри.

Поставен е асфалт со површина од околу 10.000 квадратни метри, покрај коловозот беа уредени и тротоари со површина од околу 6.000 квадрати.

На улицата е обележана хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Улицата Антон Димитров поранешна Жарко Зрењанин е фрекветна сообраќајница која секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода.

За реконструкција на оваа сообраќајница Градот Скопје одвои околу 19,4 милиони денари.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и локалната власт предводена од градоначлникот Филип Темелковски продолжуваат со инвестиции за развој и унапредување на патната инфраструктура.

Градиме по план, обезбедуваме сигурен и безбеден сообраќај за сите граѓани во Скопје.