(ВИДЕО) Шилегов: Јолевски да објасни дали средбата со Рохрабакер е повод за изјавите за поделба на Македонија

0
1088

Прес конференција,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 16.02.2017

Зоран Јолевски,министерот од ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни што се зборувало на неговата средба со Дејна Рохрабакер. Дали таа средба е повод за контроверзните изјави на американскиот конгресмен за распад и поделба на Македонија?

Министерството за одбрана пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби и дали македонската јавност треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски?
Ако според официјалните информации посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети? Кој го платил преклопувањето на партијата и државата и дали Јолевски од позиција на министер лобирал за партиски интереси?

Недозволиво е министер за одбрана да користи привилегии за да организира приватни екскурзии и средби низ светот, а веднаш по неговите средби да излегуваат изјави дека Македонија наводно ќе се распадне.

СДСМ им порачува на граѓаните да бидат спокојни. Македонија нема да се распадне. Единствено што што ќе се распадне е криминално-коруптивниот систем што го создаде Никола Груевски. Промените кои што ги носи СДСМ се гаранција за стабилноста на Република Македонија. Доаѓа живот за сите граѓани!