(ВИДЕО) Шилегов: Поради болните теми на Груевски, медиумите и избирачкиот список прекинати се преговорите

0
1171

Одговори на новинарски прашања

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

Скопје, 16.06.2016

П1: Орав денеска рече дека на партиите им требаат повеќе консултации околу дијалогот. До каде се консултациите помеѓу партиите?

Преговорите се прекинати. Секогаш кога ќе дојдеме до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на Избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера, во тој момент доаѓа до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер, слободни и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ сака да има избори по негов терк, какви што беа и досега, криминални и крадени. Социјалдемократскиот сојуз тоа нема да го дозволи. Ние го дадовме нашиот збор. Никола Груевски е политичко минато. Зборот е збор.  Република Македонија ќе има фер, слободни и демократски избори.

П2: Дали тоа значи дека нема надеж за овие преговори што се водат сега?

Тоа значи дека нема надеж за желбата на ВМРО-ДПМНЕ да има криминални избори во Република Македонија.

П3: Дали само избирачкиот список е спорен ? Дали се преговара и за други работи? Излегоа некои информации дека се преговара за широка Влада?

Се разговара за уредување на условите согласно договорот од Пржино коишто останаа отворени, ако се сеќавате уште од Декември минатата година. Тоа се Избирачкиот список и регулацијата на медиумите. Останатите одредби од договорот, доколку се постигне договор за оваа работа ќе морат да бидат применети.

П4: Дали тоа значи дека нема на повидок лидерска средба, иако беше најавувана?

Никола Груевски секогаш бега од редот и законите во оваа држава. Секогаш кога има најмала шанса некои работи да се доведат во законски ред, Никола Груевски бега од таквите средби. Токму на тоа се должи и денешниот прекин. Кога дојде на дневен ред и немаше каде да бегаат и беа стиснати до ѕид, да мора да почне да се разговара и преговара за 330.000 спорни записи во избирачкиот список и за регулацијата на медиумите, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од преговорите.

П5:  Кога се очекува да продолжат преговорите?

Она од што не може да избега Никола Груевски од целата работа е неговиот пад. Гледате дека секогаш кога се обидува со одложување како малите деца да ги одложи проблемите, нему му се распаѓа по сите шавови криминогената структура внатре во неговата партија за што ви посведочува и вчерашната оставка на Зоран Ставревски. Колку и да го одлага Никола Груевски договарањето, преговарањето или уредувањето на условите за избори толку полошо за него, а толку подобро за Македонија бидејќи такви избори оваа држава мора да има. На такви избори Никола Груевски ќе замине од политичката сцена.

П6 : Зошто СДСМ една година после Пржинскиот договор се реши пак да разговара за истите теми за кои разговараше пред една година. Што е сменето од тогаш до сега?

ПШ :  Како одговорни луѓе и одговорна партија , наша должност е да направиме се што е можно Република Македонија на еден мирен, нормален, достоинствен и цивилизациски начин ја преброди оваа политичка криза. Очигледно е дека некој сака таа политичка криза да не биде надмината и да ја воведе Република Македонија во радикализација.