(ВИДЕО) Шилегов: Ништо и од 450 вработувања во Свети Николе, Груевски договарал со криминалец!

0
1182

Денеска сме во Свети Николе. Ги пратиме лажните ветувања на обвинетиот Никола Груевски.

Овде беа најавени 450 вработувања и 25 милиона инвестиции!petesvetin

Наместо тоа имаме запустена метална конструкција којашто требаше да биде фабрика за печурки.

Еве погледнете:

Пред точно две години обвинетиот Груевски токму од овде, качен на скапо платена бина ги уверуваше граѓаните во своите лаги за нова инвестиција и нови вработувања!

И по кој знае кој пат фрли лопата на камен темелник и ја закопа надежта на граѓаните кои беа сурово излажани од него за вработување!

Единствените печурки кои растат овде е мувлата којашто останува зад лажните ветувања на Никола Груевски.

Очигледно е дека Никола Груевски го одбра Свети Николе за вдомување на белосветски криминалци.

Освен историскиот Субрата Рој кој овде требаше да инвестира во Свети Николе требаше да инвестира и холандскиот инвеститор обвинет како шеф на организирана криминална група во Холандија за даночна измама. И тој како и Субрата Рој заврши со запленет имот и тешки обвиненија за криминал.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ со своите криминални политики привлекоа сомнителни инвеститори. Тие не заслужуваат повеќе да ја водат нашата држава!

На 11 декември завршуваат лагите и криминалните шеми на Никола Груевски!