(ВИДЕО) Шилегов: На Груевски и Мијалков ништо не може да им помогне, ниту баџанак, ниту кум

0
1256

Screenshot_1-650x320

Баџанакот на Сашо Мијалков, обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, власта во заминување го избрала за претседател на Комисијата за воедначување на казнената политика. И тоа на предлог на Марко Зврлевски. Ова е скандал сам по себе, рече Петре Шилегов.

Аргументите и доказите од проектот Вистината за Македонија упатуваат во што се вмешани Илиевски и Зврлевски. Затоа и се формираше Специјално јавно обвинителство коешто ќе постапува во однос на криминалот од содржината на прислушуваниот материјал.

Затоа баџанакот на Мијалков, Илиевски нема никакво морално право ниту кредибилитет ниту за професијата што не ја извршува ниту пак за воедначување на казнената политика.

Овој скандалозен фамилијарен избор по налог на Никола Груевски и Сашо Мијалков доаѓа откако веќе беше избран Советот на оваа Комисија кога опозицијата беше надвор од Собранието, на крајот на месец август.

Тоа покажува колкав е стравот од соочување со одговорноста за се што направија во изминатите 9,5 години.

На Груевски и Мијалков ништо не може да им помогне, ниту баџанак ниту кум.