(ВИДЕО) Шилегов: Исполнети се двата предуслова, неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог

0
1208

1172Запрашан дали наредната недела треба да се очекува да има лидерска средба, помеѓу партиите, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека веќе се исполнети двата предуслова, одложување на изборите поради неисполнети услови, и укинување на аболицијата.

– Оттука се создадени услови. Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог со цел, што е можно по итно, да се договорат и исполнат условите за да може Република Македонија, да спроведе брзи, фер, слободни и демократски избори – рече Шилегов.