(ВИДЕО) Шилегов: Институции во служба на граѓаните и бесплатно болничко лекување за сите

0
1195

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6
Тетово, 01.12.2016

Се наоѓаме во Тетово, денеска со тетовчани го споделуваме нашиот План за живот во Македонија. Овде во Тетово разговараме за нефункционалните институции, партизираните институции, институциите коишто не се веќе сервис на граѓаните туку ги задоволуваат исклучиво партиските потреби на владејачката врхушка.

Ќе ги вратиме назад институциите во рацете на граѓаните, институциите мора да бидат сервис на нашите потреби, на нашите услуги. Мора да добиваме брза, квалитетна услуга и да го добиваме она што ни следи согласно Законот. Независно од тоа на која партија, народ или вера припаѓаме како граѓани. Сите сме еднакви и исти пред законот.
Во Македонија ќе владее правото, луѓето своите права ќе ги остваруваат во една нормална, европска постапка и процедура.

Разговараме за проблемите во здравствениот систем. Луѓето овдека, иако секојдневно секој од нас плаќа во здравствениот фонд, едноставно не ги добиваме потребните услуги. Дури и кога се работи за здравјето.

Во тетовската болница конкретно луѓето идејќи во болница со себе носат и перници и чаршафи и ќебиња, си купуваат сами инфузии, си купуваат дури и ханзапласт и завои. И пред влегување во болница им е баран аванс за да ги платат болничките денови.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз после 11 ти Декември ќе ја укине партиципацијата во болничкото лекување. Секој мора да добие во Македонија бесплатна здравствена услуга. Секој на кој што му е потребна здравствена нега мора да ја добие.