(ВИДЕО) Шилегов: Има граѓански договор, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се дел од проблемите и не може да се дел од решението

0
1310

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов
Скопје, 28.03.2017

Почитувани,

Постои граѓански договор за промени, за единствена, унитарна Република Македонија, за квалитетен живот за сите граѓани, за Македонија со евро-атлантска иднина.

Тоа е граѓански договор против криминалци како досегашната власт предводена од Никола
Груевски, договор против поделби, против изолација, против сценарија за бинационална држава, за што втор ден во Собранието јасно се заложува и самиот Антонио Милошоски.

Тоа е граѓански договор, на околу 700.000 граѓани, преточен во 67 пратенички мандати, од сите партии во Собранието, освен ВМРО-ДПМНЕ.

Има легитимно, демократски формирано парламентарно мнозинство во Р.Македонија. Има Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, во којашто ќе владее правото, ќе се почитуваат сите граѓани, ќе живеат квалитетно сите граѓани, а Македонија ќе напредува кон ЕУ и НАТО.

Антонио Милишоски безуспешно се обидува да го наметне Никола Груевски како фактор.
Ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе фактор на одлучување во Македонија.
Граѓаните одлучија.

Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението.

Затоа, порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција, да престане да ги кочи демокртаските процеси и да го почитува граѓанскиот договор.

Во Македонија ќе има нова реформска Влада на граѓаните, без Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.