(ВИДЕО) Шилегов: Единствено ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бегаат од фер избори!

0
1203

Во целост ги објавуваме одговорите од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на новинарски прашања кои беа поставени на денешната прес-конференција:

Дали мислите дека ќе има избори ако Уставниот суд не го стави на дневен ред прашањето за уставноста на СЈО?

– Единствените кои бегаат од фер, слободни и демократски избори, во текот на целата година, не само сега, се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нема да дозволиме да се одложат изборите коишто треба да бидат фер, слободни и демократски. Македонија мора да има фер, слободни и демократски избори!

Дел од интернет порталите пишуваат дека синоќешното уништување на Основниот суд е нарачано од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи во таа институција ќе му се суди за случајот „Пуч“.

– Колку што сум јас запознат, меѓутоа мислам дека и јавноста, одговорноста за фарбањето на Основниот суд Скопје 1 ја презедоа „шарените“. Ако внимателно го читате тоа соопштение, веројатно ќе ги утврдите и мотивите заради кое е тоа направено.