(ВИДЕО) Шилегов: Да се повлече одлуката за имотот на Комунална хигиена, да се спасат 3,5 милиони евра

0
1177

Изјава за медиуми на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

ВМРО ДПМНЕ планира да потроши 3,5 милиони евра пари на граѓаните за набавка на стара и нефункционална зграда за потребите ЈП Комунална Хигиена.

Во најавеаната трампа на имот  со фирмата Унитајарс Сити на која треба да и бидат доплатени овие 3.5 милиони евра се крие сомнителна бизнис зделка во која ќе бидат оштетени граѓаните!

За ова нема ниту економска, ниту било каква друга оправданост.

Согласно овој договор ЈП Комунална хигиена треба да доплати 3,5 милиони евра за административна зграда во руинирана состојба,а да отстапи атрактивен деловен простор во центарот на Скопје. При тоа не се решава горливиот проблем со паркирањето на возилата на ова јавно претпријатие.

Згора на се, за паркирање на овие возила ЈП Комунална хигиена ќе продолжи да плаќа месечна  закупнина во износ од 12.000 евра, погодувате токму на Унитаерс Сити.

На граѓаните на Скопје не им се потребни ваков вид милионски трошоци. Ова особено што владата нема пари соодветно да ги исплати поплавените граѓани, а се покажа и дека ниту градот Скопје ниту Република Македонија немаат основни средства и алатки за справување со елементарни непогоди.

СДСМ барам одлуката за размена на недвижен имот помеѓу ЈП Комунална хигиена и приватната фирма Унитајарс Стил итно да биде повлечена.

Во спротивно, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски штитат нечии криминални бизнис интереси кои стојат зад оваа сомнителна зделка!