(ВИДЕО) Шилегов: Граѓаните се свесни за победата, не поминуваат очајнички провокации!

0
1269

СДСМ ќе поднесе 4 тужби до Управниот суд до крајот на денот што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Институциите мора да работат во служба на граѓаните! Режимот е скршен. Завршено е со Груевски во политиката. ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Граѓаните се свесни за својата победа и не подлегнуваат на провокациите на очајниците во заминување. Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните – рече Шилегов.