(ВИДЕО) Шилегов: Гласањето во Теарце е повеќе симболично отколу потребно за формирање на новата и демократска Влада

0
1390

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ6
Теарце, 21.12.2016

Медиуми: Некој коментар, ВМРО ДПМНЕ истакнува дека нема да учествуваат на ова гласање, како го коментирате тоа?

Шилегов: Груевски рекол, Груевски порекол, сите информации покажуваат дека уште во текот на вчерашниот ден активистите на ДПМНЕ се на терен. Одат по куќи веќе и имаат набавено списоци со приматели на социјална помош. Продолжуваат и понатаму со нивните подли политики на разврат, на делба, на уценување на граѓаните. Токму заради тоа велиме во Македонија конечно мора да владее слободата, во Македонија конечно граѓаните треба да бидат оставени сами, самостојно, без уцени, без закани, без притисоци да одлучуваат на кого ќе го дадат својот глас. Македонија веќе избра победа, Теарце само ќе ја запечати таа победа и таа промена.

Медиуми: Колку се реални можностите да дојде до промена на мандат?

Шилегов: Повеќе е симболично, промената на мандатот во политичка смисла на зборот, отколку потребно за формирање на новата и демократска Влада на Република Македонија, затоа што веќе е јасно политиките на раздор, на закани, на изолација на Македонија се политики коишто ги промовираше во изминативе десетина дена Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Наспроти тоа, политиките на современа, европска Македонија, Македонија каква што посакуваат најголемиот број на граѓаните на Република Македонија, се тие политики кои што ќе ја создадат новата Влада во нашата држава.

Медиуми: Добро, ама дали може да добие СДСМ еден мандат повеќе тука според Вашите проценки?

Шилегов: Играта на бројки за нас е небитна, главната порака ја испратија граѓаните, веруваме и токму заради тоа сме овдека на терен, дека граѓаните на Теарце ја препознаа победата, граѓаните на Теарце го гледаат новиот ветер на промени во Република Македонија и само ќе ја верификуваат победата во ова избирачко место.

Медиуми: Што мислите Вие дали може да ја премостите да кажам, таа разлика, бидејќи дваесеттиот на листата пратеник од ВМРО ДПМНЕ, кој во однос на Вашиот кандидат кој е дваесет и први има само седумдесет и седум гласа повеќе?

Шилегов: Граѓаните на Теарце заслужуваат да ја верификуваат победата на демократска Македонија и промените. Граѓаните на Теарце заслужуваат да го верификуваат враќањето на животот во Македонија.