(ВИДЕО) Шилегов во Крива Паланка: Арсенчо немаш право да ги викаш граѓаните, имаш право да ќутиш и да чекаш ред тебе да те викнат

0
1401

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, синоќа во Крива Паланка го започна својот говор обраќајки се до градоначалникот Арсенчо Алексовски, порачувајќи му да не врши притисок врз демонстрантите од Шарената револуција.

sil

– Арсенчо немаш право да ги викаш граѓаните, имаш право да ќутиш и да чекаш ред тебе да те викнат, затоа што таму каде што треба да одиш, тогаш кога ќе отидеш, ќе почне да се враќа правдата – рече Шилегов.

Со зборовите „дојдете со нас” им упати порака и на контрадемонстрантите кои протестираа од спротивната страна.

– Никола, оваа река од народ што ти се случува во цела Македонија ја носи слободата. Ти Никола ќе бидеш згрижен на местото каде што завршуваат криминалците, во затвор и парите што ги украде ке ги вратиш – порача Шилегов.