(ВИДЕО) Шилегов: Во агонија, Груевски кукавички го прекршува договорот од 2-ри јуни

0
1311

silegov 26 j

Кукавички е обидот на Груевски да ги пополнува собраниските комисии за надзор над УБК, Агенцијата за разузнавање и мерките за следење на комуникациите, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според него, не може политичката гарнитура што овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во девет години да се појави на отчет за работата, што овозможи во УБК да нема ниту една контрола, да прави бројни злоупотреби и да ја предизвика политичката криза во државата, сега под притисок на меѓународната јавноста да глуми дека сака да го реши проблемот.

– Со ваквото однесување, Никола Груевски го прекршува договорот од 2 јуни. Постои официјален документ кој потврдува дека е формирана собраниска комисија за надзор на работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање. Оваа комисија пред два дена веќе испратила допис до Агенцијата за разузнавање и како што покажува овој документ, со првична намера да изврши надзор со вчерашен датум, за потоа да ја презакаже работната посета на 29 јуни, понеделник, во 11 часот, односно на денот кога е закажано продолжението на политичкиот дијалог на лидерско ниво. Дури и претседавачот на Комисијата за работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, која треба да биде раководена од опозицијата, е од ВМРО-ДПМНЕ – рече Шилегов.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=BqEfJtScmkk[/youtube]

Како што кажа портпаролот, во извештајот на Прибе се констатираат ужасни состојби во Македонија, а тоа што Груевски сега се обидува со наводни акциски планови за ЕУ, наводни комплетирања на парламентарни комисии, закани за раководството на СДСМ и за претседателот Заев за судски постапки, за лажни дела, да го смирува своето членство, покажува колку самиот Груевски е во агонија.

– Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Најмалку работатата за надзорот над УБК, Агенцијата за разузнавање и мерките за следење на комуникациите – изјави Шилегов.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шилегов рече дека е очигледен стравот на Груевски и треба длабоко да се замислат неговите следбеници кои, според изјавата на Груевски во „Фијненшл тајмс“, е подготвен да ги жртвува само за да си ја зачува позицијата.

– Ние ќе се појавиме на лидерската средба в понеделник, но тоа не значи дека ќе прифатиме преодна влада, во која Никола Груевски ќе биде вклучен. Заканите со судски постапки и со лажни обвинувања нема да нè пишманат да ги заборавиме сите оние работи поради кои ја почнавме оваа борба, односно владеење на правото, демократија и ЕУ-стандарди – одговори Шилегов.