(ВИДЕО) Шефот на изборниот штаб на СДСМ, Кирацовски : Во недела масовно да излеземе, гласот за Стево е глас да продолжиме заедно напред

0
975

Обраќање до јавноста
Александар Кирацовски, шеф на изборен штаб и секретар на СДСМ 
Скопје, 19.04.2019

Почитувани граѓани,

Во изминатите речиси три недели посетивме огромен број општини и населени места, со илјадници од вас разговаравме на повеќе теми, ги промовиравме придобивките од концептот што води напред кон сигурна и стабилна иднина, развој, во ЕУ и НАТО.

Водевме позитивна, принципиелна и достоинствена кампања каква што и доликува на една одговорна и демократска партија и вистински, сериозен кандидат за претседател на државата.

Тоа е препознаено од граѓаните кои даваа масовна поддршка на секој настан, во секој град и секое населено место.

Ви благодариме.

Почитувани,

Очекувам и знам, вашата силна енергија, вашата масовна поддршка од кампањата ќе се преслика и на избирачките места во недела.

На овие избори не бираме само претседател, туку бираме да продолжиме по патот на реформите, на напредокот и интеграција во ЕУ и НАТО, онаму каде навистина припаѓаме.

Тоа ќе го сториме со масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред.

Другата опција е враќање назад во мрачното минато, во деструкција, уназадување.

Затоа, во недела на 21 април масовно да излеземе да го искористиме гласачкото право и да гласаме за број три!

Да гласаме за Стево и да продолжиме заедно напред!