(ВИДЕО) Шекеринска: 12.000 денари месечно за семејствата без никаков приход

0
1146

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5 денеска вети дека идната влада на СДСМ и Коалицијата ќе обезбеди под 12.000 денари финасиска поддршка за секое четиричлено семејство коешто нема никаков приход.

-Доколку проходот во семејството по различни основи е на пример 6.000 денари тогаш државата ќе додаде дополнителни 6.000 денари за да во секое семејство влегуваат најмалку 12.000 денари.На тој начин ќе го подобриме нивниот живот. На тој начин ќе ја намалиме сиромаштијата во Република Македонија.Секој е важен, и затоа битката против сиромаштијата мора да биде приоритет на државата, на институциите, на администрацијата – рече Шекеринска.

Шекеринска потсети дека 500.000 граѓани низ цела Македонија живеат во сиромаштија.