(ВИДЕО) Шекеринска: Ќе ја впрегнеме државата во служба на секој граѓанин!

0
1069

Ќе ја впрегнеме државата, затоа што граѓаните бараат држава што функционира. Држава во која законите за секого ќе важат подеднакво. Држава во која нема да има заштитени мечки. Ви ветуваме држава и институции во кои нема да владее страв, притисок и репресија. Вработените во администрацијата ќе продолжат да работат, ама нема да го прават тоа за партиите и политичарите, туку за себе и своите деца, и за сите кои плаќаат данок во оваа држава. На 11 декември да гласаме за младите во Македонија, рече носителот на кандидатската листа на СДСМ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, на вчерашниот партиски конгрес.