(ВИДЕО) Шекеринска: Просечна плата од 30.000 денари, за македонските семејства да можат да ги платат сметките, да ги растат во нормални услови децата и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот!

0
820

– Груевски и ВМРО ДПМНЕ имаа 10 години да го променат ова. Имаа 10 години да обезбедат пристоен живот за младите, за сите граѓани во Република Македонија. Наместо, тоа тие избраа да ја градат најголемата партиска зграда на Балканот, наместо тоа тие избраа да ја направат најбогатата партија во Европа, злоупотребувајќи ги парите на граѓаните и крадејќи ги парите од буџетот. Затоа на11 декември граѓаните на Република Македонија и на изборната единица 5 носат одлука дали ќе продолжат со овој живот како до сега, дали ќе продолжат со ваквото владеење, или ќе дадат шанса за живот во Македонија, за подобар живот, за повисоки плати, за повеќе работни места – рече таа.

Таа истакна дека во План за живот во Македонија планираат просечната плата да порасне до 30.000 денари, за најголем дел македонски семејства да можат, и да ги платат сметките и да ги растат во нормални услови децата и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот.

– Тоа ќе го постигнеме на тој начин што ќе ги зголемиме минималната плата на 16.000 денари, и што ќе ги поддржиме домашните фимри со 140 милиони евра, за да создаваат работни места, меѓутоа и за да обезбедуваат пристојни плати. На 11 декември гласаме за бројот 4, гласаме за промени и за живот во Македонија – порача Шекеринска.