(ВИДЕО) Шведска со закон им дозволи на жителите да прават се што сакаат!

0
1833

Законот во Шведска ви дозволува да истражувате се што сакате и каде сакате. Можете да се движите пеш, да возите велосипед, автомобил, да скијате, да кампувате на кое било земјиште и тоа без дозвола на сопственикот на земјиштето.

Можете да преспиете на која било планина, да пливате во кое било езеро и да берете бобинки, да кинете цвеќиња или да собирате печурки од кое било земјиште. Сепак, не смеете да влегувате во приватни градини и на обработено земјиште и доколку кампувате, мора да сте оддалечени барем 70 метри од нечиј дом.

Овој закон се вика „Правото на сите“ или Allemansrätt. Шведскиот одбор за туризам дури целата земја ја стави на Airbnb во 2017 година за да ја прикаже слободата која владее во Шведска пред целиот свет. Во Шведска луѓето мора да се грижат за природата и да ги почитуваат другите. Забрането е да се експлоатира земјата, односно да се лови или да се сечат дрвја каде што ќе ви текне.

Овој закон е дел од Уставот на Шведска уште од 1994 година. Шкотска, Норвешка и Естонија имаат слични ставови додека многу други земји ззабрануваат кампување на државно земјиште. Но, важноста на природата за човечкото здравје е призната во целиот свет.

Јапонија, на пример, има посебни шуми за терапија за луѓето, каде што се оди на „бањање во шума“. Бројни изтражувања покажуваат дека дрвјата и шумата го намалуваат стресот и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Во Шкотска, пак, докторите дури почнаа наместо лекарства, да препишуваат поминување време во природа, било да е тоа пловење со чамец или едноставно гледање во облаците како третман за пациенти кои страдаат од депресија, па дури и дијабетес. Милано и Њујорк се примери за градови каде што се засадуваат дрвја за да се подобри квалитетот на животот.