(ВИДЕО) Шахпаска: 40 илјади лица на инсулинска терапија се во ризик

0
1258

Власта во заминување го става во ризик здравјето на граѓаните, обвини Јагода Шахпаска од СДСМ која кажа дека 40 илјади пациенти од кои 600 деца се ставени на ризик бидејќи владата одлучила да одвои 10 отсто помалку средства за луѓето кои на инсулинска терапија.

Таа исто така кажа дека владата скратила 40 илјади денари за лица со ретки болести, а сето тоа се случува додека се делат милионски тендери за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со седницата, Шахпаска кажа дека, заканите со сила од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одат на штета на граѓаните и дека ќе се деблокираат процесите и ќе се реализира програмата на новата влада предводена од СДСМ.