(ВИДЕО) Шахпаска: Конститутивната седница да продолжи во вторник и да се овозможи формирањето нова Влада!

0
1151

Одговори на новинарски прашања,
Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и членка на Комисијата за здравство на СДСМ
Скопје, 19.03.2017

Медиуми: Со оглед на најавената кулминација во вторник со доаѓањето на Хан, очекувате ли тој ден да има позитивен исход и да се затвори барем едно од прашањата?

Шахпаска: Ние очекуваме дека конститутвната седница треба да продолжи и да заврши со позитивен исход, односно со избор на Претседател на Собранието.

Медиуми: Дали очекувате да има некакви блокади?

Шахпаска: Очекуваме ова прашање конечно да биде затворено и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска влада и треба да се испочитува она што беше испорачано како нивна желба на изборите на 11 декември. Само за потсетување, 700 илјади граѓани гласаа за промени и за нова Влада.

Медиуми: Прашањето за локалните избори, претпоставувам, ќе го решавате по завршување на конститутивната седница?

Шахпаска: Како што предвидува Уставот, како што предвидува Деловникот за работа на Собранието, работите треба да течат согласно она што е законска обрвска и регулатива. Прво треба да заврши контитутивната седница, а понатаму да продолжат сите активности во законодавниот дом.