(ВИДЕО) Шахпаска: Каде заглави последниот тендер за инсулин, на штета на дијабетичарите?

0
1122

Зошто не излезете пред граѓаните, осигурениците на Р. Македонија и не им кажете дека треба повторно да си ја купат здравствената картичка?

Зошто не им кажете дека треба да платат дополнителни 285 денари за истата? И да им кажете дека оваа здравствена картичка ќе има рок на траење од 5 години.

Каде заглави последниот тендер за инсулинска терапија? Неговото доцнење ќе ја влоши инсулинската криза во Република Македонија, праша Јагода Шахпаска на седницата во Собранието на Македонија на којашто точка на дневен ред се Пратенички прашања.