(ВИДЕО) Шахпанска : Новата Влада ќе овозможи бесплатно болничко лекување за сите, ќе имаме современо јавно здравство!

0
1517

Прес конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка и членка на Комисијата за здравство на СДСМ
Скопје, 25.03.2017

Почитувани граѓани,

Новата реформска Влада ќе ја укине партиципацијата за болничко лекување.

Ќе има бесплатно болничко лекување за сите осигуреници. На тој начин гарантираме дека секој граѓанин ќе го добие потребното болничко лекување.

Здравјето на граѓаните е врвен приоритет за новата Влада. Затоа сме цврсто определени да создадеме квалитетно, ефикасно и модерно јавно здравство според успешни примери од европски земји.

Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски Клинички центар што ќе обезбеди високо квалитетни услуги на граѓаните од целата држава. Ќе го преиспитаме скандалозниот, сомнителен, тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања во овие моменти на формирање нова Влада. Клиничкиот центар е ветен во 2012 година, а до денес единствен резултат се само тарабите пред кои се сликаа Тодоров и Груевски.

Тендер политиките ќе заминат заедно со овие неодгворни политичари. Новата Влада ќе изгради, реконструира и ќе ги опреми другите општи и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа.

Ќе го олесниме и патот на граѓаните до потребниот лекар и медицинска услуга.

Проектот “Мој термин“ ќе го надградиме во систем што гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво.
Пациентот ќе биде во центарот на вниманието. Ќе ги растеретиме докторите од непотребните и обемни административни процедури.

И ќе покажеме вистинска грижа за лекарите и за медициснкиот персонал на кои ќе им овозможиме професионална работа и мотивација да останат да работат во јавното здравство, наместо да заминуваат од него. Тоа ќе го постигнеме со зголемување на основната плата за 100 проценти за сите здравствени работници.

За сето ова да почне да се остварува неопходно е во најкусо време претседателот Зоран Заев да го добие мандатот и новата реформска Влада да почне да работи во интерес на сите граѓани.