(ВИДЕО) Чакаровски: Наместо барок ќе образуваме гинеколози

0
1082

Новата влада на СДСМ ќе го реши проблемот со недостиг на гинеколози во повеќе градови во Македонија. Наместо да ги расфрламе парите за тркала и лажен барок, финансиски ќе ги мотивираме постоечките гинеколози да пружаат гинеколошка здравствена услуга во градовите во кои немаат гинеколог, изјави денеска д-р Гоце Чакаровски, претседател на комиисијата на здраство на СДСМ.1208

– Ова ќе обезбеди решение веднаш, а не како ветувањата на Никола Тодоров, кои нудат решение дури за 6 години. Ако власта навистина се грижеше за здравјето на родилките и новороденчињата, немаше да дозволи во овие 10 години да испушти две генерации гинеколози, па сега на крајот на мандатот да нуди решенија – рече тој.

Д-р Чакаровски истакна дека во моментов дури 40 општини во Македонија се без матичен гинеколог. 8.000 жени од Шуто Оризари повеќе од 5 години немаат матичен гинеколог. Во многу места жените треба да патуваат и до 20 километри за да појдат на гинеколошки преглед. Општините без матичен гинеколог имаат најголема смртност на новороденчиња. Такви се Берово, Дојран, Пехчево, Валандово. А во дел од општините воопшто не се вршат породувања. Се работи за Ресен, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Шуто Оризари.

– СДСМ ќе вложува во на нови специјалисти, но веднаш по доаѓањето на власт финансиски ќе ги мотивира постоечките гинеколози да пружат здраствена заштита во поедини градови. Императив на новата влада ќе биде да се намали смртноста на родилките и новороденчињата во земјата. По 11 декември капитална инвестиција на новата влада на СДСМ ќе биде образование на специјалисти и здравјето на граѓаните. Ќе вложуваме во здравјето на граѓаните а не во гипс и стиропор – порача д-р Чакаровски.