(ВИДЕО) : Чавков се прави удрен со мокар чорап, дипломатскиот пасош на Мијалков бил поништен по барање на МВР а тој немал поим

0
1142

Mijalkov-diplomatski-pasos-ekspert

Десет дена рок на важност  имаше дипломатскиот пасош на екс директорот на тајната служба. Патната исправа на Сашо Мијалков од денес е со печат поништено. Ова го потврдуваат од Министерството за надворешни два дена по изјавата на Мијалков дека се откажува од пасошот, пренесе Телма.

До Министерството за надворешни работи е доставено барање за издавање дипломатски пасош од страна на Министерството за внатрешни работи, со цел издавање на нов дипломатски пасош за раководно лице со посебни овластувања. со оглед на повлекувањето на барањето од страна на барателот, истиот е поништен и повеќе не поседува дипломатски пасош“, велат од МНР за Телма.

Ова открива дека МВР барало дипломатски пасош за поранешниот прв разузнавач и тоа како тој да е раководно лице со посебни овласувања. Тој пак после пукањето во Куманово си даде оставка од директор на УБК. Министерот Чавков е без коментар на ова.

„Па еве, побарало МВР… човекот е под апанажа… други прашања“ – беше краткиот и нејасен одговор на Чавков со паузи помеѓу зборовите.

За МНР не е скандалозно што издале па поништиле дипломатски пасош со лажни податоци. Не откриваат дали пред да издадат ваков пасош ги проверуваат податоците, ама Мијалков го означиле како експерт. Тој пак преку интернет портал се откажа. Со ова вели дека сакал на СДСМ да им го одземе и последното оружје за негова дискредитација.

Веста за дипломатскиот пасош ексклузивно ја објави Либертас во петокот, а од тогаш следеа повеќе реакции.

Либертас дојде до фотокопија од дипломатски пасош кој му бил издаден на Мијалков во вторникот на 29 септември од страна на Министерството за надворешни работи. Пасошот беше со важност до 28 септември 2020 година. Либертас објави фотокопија од пасошот на 3 дена по издавањето.

Видеото ОВДЕ