(ВИДЕО) Целата прес конференција на Зоран Заев: Протестите ќе се интензивираат, избори на 5. јуни нема да има!

0
1048

Претседателот на опозициониот СДСМ, Зоран Заев денеска ги повика на широк граѓански фронт за борбата за враќање на слободата и демократијата во земјата.

– Повикувам на широк граѓански фронт на кој да се приклучат политичките партии граѓанските организации, синдикатите. Заедно со граѓаните да ја враитме демократијата да ја вратиме слободата. Демократска Македонија не прифаќа недемократкси избори. Слободна Македонија е за враѓање на европските вредности. Или Груевски или Македонија! Заедно застануваме за демократска Македонија – рече Заев во денешното обраќање до јавноста.

– На пети јуни избори нема да има. Протестите се во тек и ќе се интензивираат. Денес сите ние заедно без разлика на политичка, верска, национална определба го креваме својот глас во име на слободата, изјави Заев.