(ВИДЕО) ХОРОР ВО ЗДРАВСТВОТО НА НИКОЛА ТОДОРОВ : Три дена со мртов плод чека интервенција, гинеколозите предупредуваат дека чекањето е ризично

0
1480

трудна режПред вратите на клиниката за Гинекологија и акушерство (ГАК) повеќе од осум часа, со мртов плод во стомакот веќе три дена Назмија Далипи од Гостивар чека интервенција на лекарите, објави ТВ21.

Поради акутниот проблем, докторите од Гостивар ја испратиле на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, но оттаму ѝ рекле дека терминот е во среда и дека случајот не е ургентен. Назмија е загрижена за своето здравје, но и за децата кои ги оставила кај соседите.

Синоќа таа остана, а моментално е сместена кај нејзиниот брат во Скопје.

„Отидов кај матичната да земам упат за тука. И матичната ми потврди дека бебето е мртво. Тројца лекари ми потврдија дека бебето е мртво. Ме прегледаа и ми рекоа, немаш болки, немаш крвавење, ќе дојдеш во среда. Колку е ова нормално јас од Гостивар пак да дојдам в среда, колку ми е гарантиран животот, може да добијам труење, јас имам деца.“, рече Далипи.

Гинекологот Александар Блажевски вели дека секој ден поминат со мртов плод во стомакот тоа ја влошува здравствената состојба на жената.

„Штом се утврди дека бебето е мртво, се констатира веднаш да се извади бебето. Не верувам дека некој гинеколог би рекол мртов плод да остане. Но, зависно од тоа во кој месец, бебето се применува да се заврши бременоста. Кога е мртов плод почнува да се разградува и токсини се ослободуваат и тоа претставува ризик по здравјето на мајката.“, изјави Блажевски.

Од ГАК не одговараат на повиците на ТВ 21. Од Министерство за здравство велат дека за овој случај треба да говорат стручни лица. ТВ 21 исто така ја контактираше и докторката Анета Сима која ја прегледала Назмија. Според Сима, сè додека бремената не крвави, случајот не е ургентен и ризичен по здравјето на пациентката.