(ВИДЕО) Херојот кој спаси жена, заглавен во ѓубре и кал, механизацијата не може да се пробие до неговиот дом

0
811

62-годишниот Ѕвонко Костиќ кој спаси жена од Куманово во саботата навечер, сега е заглавен во ѓубре и кал во сопствениот двор. Ѕвонко вели дека има луѓе кои можат да чистат и да помогнат, но тој е заглавен затоа што улицата е целосно уништена и нема пристап на мегханизацијата до неговата куќа. Зад куќата на Ѕвонко, има урнат ѕид каде што се уште стои попречен автомобил на неговиот сосед, пренесува ТВ21.

„Има работници кои можат да помогнат, но ние сме закочени, бидејќи патот ни е пропаднат .Не можат возила да влезат, чекаме песок таму доле да истурат за да може да се помине преку овој нанесен кал. Да не претерам ама пред мојата куќа може поплавата има донесено над 3 тони ѓубре“, рече Костиќ од Стајковци.

Во Стајковци, денеска масовно се чистеше. Со механизација и натаму се изнесува шутот од дворовите, а војници и граѓани со лопати ја расчистуваа калта и ѓубрето. Жителите велат дека денеска сликата е поинаква, но сега имаат друг проблем – стравуваат од заразни болети.

„Стравуваме од заразни болести. Овде има скапан зеленчук, има и добиток. Не сме сигурни во поплавата се што има донесено водата. Еве сега кога расчистуваме, изненадени сме на се што наидовме“, рече Анѓа Стојановска од Стајковци.

Во расчистувањето се вклучени сите, помош пристига од секаде но и работници. Во Стајковци забележавме група млади луѓе кои се организирале на социјалните мрежи и дошле да помогнат.

„Свесни сме дека им е потребна помош на овие луѓе и дека доживеале голема несреќа. Затоа се организиравме и колку можеме дојдовме на помош. Еве уште малце ќе почистиме и се враќаме дома, затоа што треба да одиме на работа“, рече волонтер од Чашка.

Во селото сè уште нема вода и струја. Жителите вода добиваат на пунктовите на Црвениот крст. За јадење велат се снаоѓаат кој како може. Порачаа и до надлежните и до граѓаните да помогнат што побрзо да се исчистат сите дворови, за да се избегне поголема катастрофа пред најавеното навреме од УХМР.