(ВИДЕО) Харадинај: Немам врска со судирот во Куманово

0
967

Поранешниот косовски премиер и командант на ОВК, Рамуш Харадинај во интервју за ТВ АРТ тврди дека зад шпекулациите дека токму тој стои зад кумановскиот инцидент во кој загинаа осум полицајци стојат некои други структури кои не му мислат добро на регионот.


Screenshot_4

Според Харадинај, тоа што регионот се уште е буре барут не е резултат на, како што ги нарекува патриотите во балканските земји, туку на корумпираните влади.

„Никако, во ниедна варијанта, јас или моите луѓе не сме вклучени во вакви настани. Значи, луѓето околу мене, тие кои јас ги претставувам, со тие што работам, немаат такви логики, не се дел од ова. Значи се работи за шпекулации, намерни шпекулации. Од разни мотиви, но не со добра намера, ниту за Албанците, ниту за регионот“, тврди Харадинај.

Тој смета дека на Балканот се уште не се воспоставени правни држави, владеење на правото и законите затоа што корумпираните политичари тоа не го дозволуваат.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=tlgpUj5IvAE[/youtube]

„Мислам дека проблемот на Балканот не е веќе кај патриотите. Јас не го загрозувам Балканот, како албански патриот. Јас не мислам дека Балканот е загрозен ниту од ниеден вистински македонски патриот, кој верува во својата нација, во своите права, во своите вредности.Ниту од српски патриот. Мислам дека сега Балканот е најмногу загрозен од владите кои имаат моќно корумпирано владеење, кои се зависни од криминалот и за кои не само што сакаат да останат на власт туку и да бидат амнестирани од казнување за злоделата кои ги чинат во текот на своето владеење“ – тврди Харадинај.

Изјавите на Харадинај во интервјуто, доаѓаат откако во повеќе српски и регионални медиуми беа објавени текстови дека зад крвавиот инцидент во Куманово стои токму тој.

Односно дека групата која беше елиминирана во кумановската населба Тоде Мендол, била платена за да организира серија терористички напади во Македонија со цел да предизвика нестабилност која криминалните групи би ја искористиле за нелегална трговија со оружје и дрога.

Како доказ дел од медиумите посочуваа фотографија на Харадинај со Мирсад Ндрецај или командант НАТО и Бег Ризај или командант Бегу кои беа меѓу 14 те убиени вооружени лица при пресметката во Куманово.

Телма