(ВИДЕО) Хаос на пунктовите за помош, екипата на Телма нападната

0
1497

Хаос на пунктовите за помош на настраданите во Стајковци и околните села. Камерата на Телма денеска помина во неколкуте пунктови каде се дели вода и храна. На првиот во училиштето 25 мај екипата на Телма беше спречена да снима од луге кои не се претставија кои се.mackic_15-670x385

Патот до Стајковци СТрачинци и околните села е покриен со кал. Локалното население се бори со последиците од веремето но и за помош кој атешко доаѓа до нивните домови. Во центарот на Стајковци доагаат делегации и амбасадори но леб се уште не пристигнал.

Се даваше само вода и пакето со паштета но влегувањето во просториите освен за медиумите беше забрането за народот кој пред врата чекаше да му се подаде помош. Внатре во пунктовите купишта облека расфлана по подот која никој не ја земаше. Војската допрва се обучуваше како се ракува со пумпите за исрцпување вода.

Состојбата во Страчинци најодалеченото село три дена алармантна. Жителите се чудат како никој не загинал, но раскажуваат дека тоа што виделе и доживеале не го паметат ни најстарите жители.

Дури денеска патот до првите куќи е пробиен и полека до населението почна да пристугнува храна и вода. Само со трактори и на раце луќето носеа пченица за да месат леб. Струја нема ниту пак вода. Афалтираните улици се прекриени со камења и земја а локалното население само се бори да ги оспособи улиците за движење. За куќите велат ќе чекаат помош.

Додека жителите на селата околу Скопје се борат за опстанок на обиколницата кај несеќата се уште стојат расфрлани автомобилите во кои настрадаа мажи жени деца.

Видеото ОВДЕ