(ВИДЕО + ФОТО) „Студентскиот пленум“ го блокира влезот пред Ректоратот на УКИМ, студентите не дозволуваат да се одржат изборите за ректор

0
1024

Вработени во Ректорат и ректорот Велимир Стојковски утрово ги дочека блокиран влез од страна на студенти, кои го бојкотираат изборот за нов ректор на УКИМ, закажан за 10 часот, објави Радио МОФ.

Студентите велат дека се одлучни и нема да заминат се додека нивниот глас не биде слушнат.

„Ние почнавме со блокада на Ректоратот, како единствен начин да се бојкотира нелегалниот и нелегитимниот избор на нов Ректор. Ова го правиме заради корумпираните студентски претставници во Сенатот.

Дојди и приклучи се!“, напишаа од Студентски пленум на Фејсбук утрово.‬

IMG_20160627_081116-768x4321-670x377

Денеска беше предвидено да се дознае победникот во трката за нов ректор, помеѓу екс министерот за образование и професор Ненад Новковски и актуелниот декан на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски.

На изборот, право на глас имаат десет студентски претставници од СПУКМ, за кои Студентски пленум вели дека се нелигитимни.