(ВИДЕО + ФОТО) НЕРЕДИ ВО БУТЕЛ: Демонстрантите на ДУИ ја урнаа оградата околу темелите на крстот во Бутел, поставија шатори и запалија палма!

0
1060

Група демонстранти на протестот предводен од ДУИ насилно ги турнаа тарабите на местото на кое се гради 55-метарски крст во скопски Бутел и почнаа да поставуваат албански знамиња и шатори во кои веројатно ќе кампуваат, објави Радио Слободна Европа.

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити изјави дека не планираат да се тргнат од местото. Тарабите беа урнати додека функционерите на ДУИ даваа изјави за новинарите. Поединци ги спречуваат новинарските екипи да го снимаат настанот. Демнстрантите запалија и една палма. Иако има бројно полициско присуство, полицијата сè уште не реагира.

Неколку илјади граѓани, предводени од владејачката ДУИ, денеска излегоа на протест против градењето на крстот во скопски Бутел. Протестот почна пред стадионот во Чаир. Демонстрантите веат албански знамиња и носат транспаренти на кои пишува: „Политиката надвор од верата“, „Не сакаме Скопје што ќе се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут“, „Ова е клин, а не крст“, „Оваа земја е секуларна“… На чело на протестот се високи функционери од владејачката ДУИ.

 

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.

10414411_10154703286704466_3983380882658580564_n

12823111_10208567322050831_1315272316_o1-717x3801-670x355

Порталот А1он објави и видео снимки од протестот и од демолирањето кои можете да ги погледнете ОВДЕ

Порталот Мактел вчера прв од медиумите објави дека е моожно ескалирање на денешните протести на ДУИ.