(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ГИ ИЗРАДУВА ЖИТЕЛИТЕ ВО НАСЕЛБА ТРИЗЛА КАЈ ТРИ БАГРЕМИ – НАСЕЛБАТА ЌЕ СЕ УРЕДУВА ИНФРАСТРУКТУРНО, СЕ ЗАЈАКНУВА НАПОНОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

0
1451

Денеска градоначалникот Илија Јованоски ја посети населбата „Три багреми“,
каде што во изминатите неколку месеци се работи на инфраструктурно уредување
на населбата.

„Го тампониравме патот што води до „Три багреми“, организиравме автобуски
превоз за учениците од овој дел на населбата, што учат во ООУ „Добре
Јованоски“, го зајакнавме напонот на електричната енергија со надоградување на
трафостаницата, a се отстранија дефектите и оштетувањата што се појавија на
водоводната мрежа, со што се подобри водоснабдувањето во населбата“, истакна
градоначалникот Јованоски.

Исто така, градоначалникот потенцираше дека е во тек постапка за легализација
на бесправно изградените објекти. Во тек е и процедурата со којашто граѓаните
коишто од разни причини немаат лични карти, да можат да ги извадат овие
документи од МВР, со што ќе им се овозможи натаму остварување на сите
законски права во општеството.

Жителите на населбата „Три багреми“ се интересираа за понатамошните
активности што локалната самоуправа планира да ги реализира во нивната
населба. Тие покажаа интерес и за постапката за легализација на нивните објекти.

Тие велат дека се исклучително задоволни од она што досега е сработено во
населбата „Три багреми“ во периодот од доаѓањето на новата локална власт и
градоначалникот Илија Јованоски. Велат дека градоначалникот го исполнил
даденото изборно ветување. Многу им значи тоа што е подобрено снабдувањето
со електрична енергија и што е воведен автобуски превоз за учениците од ООУ
„Добре Јованоски“. Се надеваат дека наскоро ќе биде изградена и канализациона
мрежа и дека ќе биде воведено улично осветлување.