(ВИДЕО) Фирма на сопругата на министерот Макрадули добила девет тендери за година и пол, Макрадули вели нема ништо спорно

0
1162

Фирма на Маја Трендафилова Макрадули, една од четирите нејзини сопственици, добила девет договори за јавни набавки во последните година и пол, тврди Економски Лидер.

Трендафилова Макрадули е сопруга на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, а називот на претпријатието е „Опен мајд солушнс“ со дејност за изработка и одржување на софтверски решенија.

Добиените тендери со со вкупна вредност од 5.417.808 денари, а според Економски Лидер, со овие договори фирмата просечните годишни приходи ги зголемува за 50 отсто во однос на стандардните од претходно.

Двата најскапи тендера, фирмата на сопругата на Макрадули ги добила од „Јавно претпријатие за државни патишта“, за истата намена „Превентивно и адаптивно одржување на ЕРП софтвер во времетраење од две години“. Едниот е во вредност од 2.265.600 денари а другиот тежи 1.038.400,00 денари.