(ВИДЕО) Уапсените во истрагата „Империја“ на СЈО донесени пред суд

0
2525

Уапсените во новата истрага отворена од страна на СЈО под кодното име „Империја“ почнаа да се изведуваат пред судот, објави Макфакс.

Од СЈО официјално не ги потврдуваат имињата на приведените, а според неофицијални информации меѓу нив е бизнисменот Орце Камчев.

Новата истрага од страна на СЈО под кодното име „Империја“ е против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

„Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стои во соопштението на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство од 6 часот утринава вршеше претрес во „Орка холдинг“, компанијата на бизнисменот Орце Камчев.