(ВИДЕО) Туфегџиќ: Нудиме шанси за вработување на младите и просечна плата од 30 илјади денари

0
1333

Изјава за медиуми,
Ивана Туфегџиќ, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата во ИЕ 1
Скопје, 30.11.2016

Младите во Република Македонија се исклучени од сите процеси. Од процесите на донесување на одлуки, па се до процесите за создавање шанси за да живеат и работат овде.

Податокот дека Република Македонија вложува само половина денар месечно за секој млад човек е повеќе од поразителен.

Погледнете околу мене, Владата вложува во бронза и стиропор, додека родителите си ги испраќаат своите деца, а ние ги испраќаме нашите другари и другарки во странство. Ова мора да престане.

Македонија мора да вложува во квалитетно образование, во шанси за младите да отворат сопствен бизнис и во вработување кое ќе гарантира просечна плата од 30 илјади денари.

Коалицијата „За живот во Македонија“ го нуди токму тоа. Младите во Република Македонија заслужуваат шанса, заслужуваат исти можности како и нивните пријатели и колеги во Европа за да можат да останат дома и да живеат и да работат во Република Македонија.