(ВИДЕО) Тунџев : На прав пат сме, намалени се цените на услугите од Катастар, ги намалуваме трошоците, обезбедуваме поефикасна услуга

0
1259

Прес конференција, Борис Тунџев, член на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните.

Се професионализираат инситуциите и услугите, се намалуваат трошоците на граѓаните, на прав пат сме!

Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот.

Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите.

Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти.

Надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, е намален во просек за 90%.

При запишување на недвижности во Катастарот, цените се намалени во просек за 51%.

Надоместок за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информа-ционен систем е намален во просек за 28%.

За запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти, предбележувањето и уписот на згради и други објекти надоместокот е намален за 20 отсто.

Намален е и надоместокот за промена на култура за 38%, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции.

Извршено е намалување од 90 проценти за објектите со волуменска зафатнина со што  се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари.

Таму надоместокот беше 10 денари, а сега е еден денар за м3.

За 28 отсто се намалени услугите што ги нуди Катастарот за издавање  податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови.

Укината е двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.

Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.

СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани