(ВИДЕО) Тројца бомбаши самоубијци нападнаа полициска станица во Русија!

0
1091

Тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа денеска крај полициска станица во градот Новоселское во рускиот Ставрополски крај (Југозападна Русија), соопшти претставник на локалните безбедносни структури.

Веројатно станува збор за терористи, тие ги активирале експлозивите околу 10.40 часот по локално време, изјави тој.

Нема настрадани меѓу населението и силите на редот, соопшти градската полициска управа, јави ТАСС.

https://www.youtube.com/watch?v=eyTgMSAEHTs