(ВИДЕО) ТРАОРНА ПРИКАЗНА ЗА ЕДНО СИРОМАШНО СЕМЕЈСТВО : „Јадам леб и шеќер за да има за децата“, четиричлено семејство преживува со 5 илјади месечно

0
1757

Трајче Конески и Моника Антевска, невенчани родители на 9-годишниот Бојан и 17-месечната Величе, секојдневно водат борба за егзистенција. На 38-годишниот Трајче пред 5 години му се дијагностицирани дископатија и дискусхернија, но принуден е да работи 14 часа на ден за да донесе парче леб за своето семејство. Конески работи во градежна фирма каде што зема минимална плата од 12 илјади од кои 7 веднаш му ги одземаат извршителите и банките, па така ова четиричлено семејство се бори за живот со 5 илјади денари месечно.

– На работа сум 14 часа, јадам леб и шеќер за да остане за нив. Излегувам дома во 15 часот, се враќам утрото во 8 часот. Третиот и четвртиот прешлен ми се набиени, а главниот нерв за цела десна страна ми е заглавен помеѓу прешлените. Доколку ногата малку повеќе ја оптоварам, ми се укочува цела десна страна и тоа трае цел час, не можам да се движам, вели низ солзи Конески.

Извор : А1он