Со традиционална изложба на маски во фоајето на центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска е означен почетокот на карневалот „Прочка“ во Прилеп. Преку 1000 креативни маски од различни материјали изработија учениците од прилепските училишта под менторство на своите наставници по ликовно воспитување. Шареноликост, идејност, креативност и инвентивност ги одликуваат годинешните маски, коишто според оценките на жирито оваа изложба прават да биде многу подобра од претходните.
Home Македонија Прилеп (ВИДЕО) ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КАРНЕВАЛ НА МАСКИ ВО ПРИЛЕП ,,ПРОЧКА”, ЗАПОЧНА СО ИЗЛОЖБА...