(ВИДЕО) Тодоров: ВМРО–ДПМНЕ е недемократска партија заглавена во минатото

0
1279

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров вечерва во Студио 1 на 1 ТВ гостува на новинарот Сашо Ордановски на тема што со ВМРО  -ДПМНЕ и како да се реформира.

За сегашната ситуација Тодоров вели дека на ВМРО – ДПМНЕ му треба нова доктрина која ќе го замени сегашниот ментален склоп кај актуелното раководство кое е делумно заглавено во минатото. Ордановски пак од друга страна му реплицираше дека раководството е целосно заглавено во минатото.

Тодоров се надева дека во Јуни ќе добиеме датум за преговори со ЕУ и тука ќе се отворат нов конекст на напредок на државата и дека овој начин на размислување не води никаде.

Тодоров зборуваше и за начинот на кој може да се демократизира ВМРО – ДПМНЕ како на пример максимум мандат на претседателот од двапати по четири години, да нема веќе почесен претседател и да се смени новиот начин на бирање на делегатите и на претседателот.