(ВИДЕО) Тензии на Правен факултет: Студентите се впуштија кон човек кој тајно ги снимаше и фотографираше

0
1132

Screenshot_8Непосредно по почетокот на глсањето за нов лидер на студентите, дојде до тензии откако повозрасен човек на Правниот факултет ги снимаше и фотографираше студентите од “Студентски пленум“, пренесува „А1он“.

Откако го забележаа, студентите му побараа легитимација, но наместо да им даде, тој почна да бега кон излезот на факултетот, а тие продолжија да го следат барајќи да се легитимира и да каже зошто ги снима.

Студентскиот пленум ги бојкотира иборите зошто се распишани од студенти на кои  им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори но и, ако што вели, поради политичката заднина на изборите на кои повторно власта сака да намести свои послушници.

– Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во скопје и не можат да гласаат.

– На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на
13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот, кажаа тие.

Според информациите на Пленумот, студенти ќе се носат со автобуси за да гласаат во Скопје на факултетите за претседател на Студентски Парламент.

-Ако е ова точно, малтретирањето на студентите за лични интереси претставува зенит на дрскоста и самоволието, затоа ве замолуваме доколку да забележите нешто што изгледа сомнително додека сте на факултет или во близина, сликајте го и пратете ни ја сликата како порака на Facebook странава. Анонимноста е загарантирана и однапред ви благодариме на сите, предупредуваат од Студентскиот пленум.

Извор и видео : А1он