(ВИДЕО) : Тежок инцидент на „Формула 1“ во Сочи, Карлос Саинц се заби во заштитната ограда

0
1532

sainz-soci2

Младиот Карлос Саинц доживеа тежок инцидент за време на последната сесија од тренинзите во Сочи, која воедно беше и предвремено прекината поради немилиот настан од кој беше дел пилотот на Торо Росо.

Дваесетгодишниот Шпанец се заби во заштитната ограда откако загуби контрола над својот болид, а иако во прв момент се даваа и многу полоши прогнози поради тоа што Саинц не даваше никакви знаци од болидот, сега Торо Росо потврди дека тој е стабилен.

– Саинц е префрлен во болница, но тој е стабилен и при свест. Зборуваше со луѓето од тимот, – се вели во краткото сооштение на Торо Росо.