(ВИДЕО) ТВ21 до РЕЖИМСКИОТ ТОКМАК ХОРХЕ ПРВИ И ПОСЛЕДНИ ВАЛАНДОВСКИ: Дали смеат новинарите во Македонија да постават прашање?

0
1009

„Луѓе, луѓе, ние имаме почит кон новинарите во оваа држава. Тие поставуваат тешки прашања, и така треба да биде. Се извинувам, ве молам продолжете.“, изјави Џастин Тродо, премиер на Канада.

Вака канадскиот премиер, Џустин Тродо реагираше кога сред предизборна кампања, новинар постави прашање во врска со заминувањето на Ден Ганиер, кој ја предводеше изборната кампања на актуелниот премиер. Иако се работеше за партиски собир, тој не само што одговори на новинарското прашање, туку и побара од членовите на неговата партија да ги почитуваат новинарите кои поставуваат прашања. Но ситуацијата е друга со политичарите во Македонија. За разлика од канадскиот премиер, еве како реагираше обезбедувањето на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кога новинар се обиде да му постави прашање.

Не само што не успеавме да му  поставиме прашање на претседателот Иванов, туку и неколку дена по ред од неговиот кабинет не одговараат на нашите дописи  и јавувања. Во прашањето испратено до кабинетот на претседателот, ТВ21 бара одговор дали му е дозволено на новинар да постави прашање на јавен собир без претходно да се обрати кај лицата одговорни за протокол. Според комуникологот Климе Бабунски, обезбедувањето не треба да раководи со една прес – конференција, или јавен собир.

https://www.youtube.com/watch?v=Yj003PZq4G8

Бабунски вели дека однесувањето на државните претставници, кои што не одговараат на новинарски прашања се претвора во синдром. Според него, должност на секој државник е да биде отворен и да одговори на сите прашања, затоа што политичарите треба да бидат во служба на граѓаните.

Извор: ТВ21