(ВИДЕО) Талат Џафери им се обрати на македонски кон РЕЖИМСКИТЕ ТАСТЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ : Собранието нема да го носам ниту во Тирана, ниту во Приштина

0
1649

Пратеникот од ДУИ, Талат Џафери се јави процедурално по сите напади од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им нагласи дека не паднал од Марс, туку дека бил министер за одбрана претходно, а за тоа како работел како министер ги упати да ги прашаат другите министри.

– Јас не сум оптеретен како вие што сте оптеретени. Мислите убаво што и како зборувате. Сите навреди што ги слушаме 60 дена, само ние можеме да ги трпиме, зашто веруваме во соживот, рече Џафери.

Тој кажа дека не мислел да се јави за збор, но сакал да каже дека граѓаните Македонци не мислат како што мислат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

– Смирете се, Собранието нема да го носам ниту во Тирана, ниту во Приштина, ниту во Тунгузија. И ние сме избрани од народот, за тоа имаме мандат, рече Џафери.

Извор : А1он